Охриѓанецот Осман со најдобра партија во НБА кариерата, изедначи клупски рекорд на Кливленд (Видео)

Кливленд кавалирс го победи Лос Анџелес клиперс со 122-99 во меч од НБА-лигата, на кој блесна турскиот репрезентативец роден во Охрид, Џеди Осман.

Осман, кој е резерва на Коњаниците, постигна 29 поени, што е изедначување на неговиот личен рекорд во НБА, а погоди седум тројки од седум обиди, што е изедначување на клупскиот рекорд на Кавалирс. Вакво шутерско шоу во Кливленд ималe само уште Кајри Ирвинг и Монти Вилијамс, а за клубот играле многу познати играчи и тројкаши.

„Грчкото чудовиште“ Јанис Адетокумбо вторпат сезонава даде 50 поени. Утрово Јанис уфрли 50 поени во кошот на Њу Орлеанс пеликанс, а имаше и 13 скока, што го прави најдобар поединец на вечерта во НБА. Милвоки победи со 135-110, а ова е тројката со која Јанис дојде до 50-ка:

https://twitter.com/i/status/1619897053555093506

- Оглас -

Најнови вести