7.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Охриѓани ќе играат против трикратниот европски првак

Ждрепката за осминфиналето од ЕХФ Европскиот куп сакаше противник на ГРК Охрид да биде славниот чешки клуб Дукла од Прага.

Дукла е трикратен европски првак, имаат пет финалиња во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), но Чесите беа гиганти во далечното минато, последната титула им беше пред 41 година. Во моментов тие се на шесто место на табелата во чешката лига, по десет одиграни кола имаат биланс од 7 победи и три порази.

Првиот натпревар ќе се игра во Охрид на 14/15 февруари, додека реваншот ќе биде на 21/22 февруари во Прага. Ако го елиминираат чешкиот тим, Гладијаторите ќе го направат најголемиот свој клупски успех на европска сцена, и тоа во натпреварувањето кое во минатата сезона го освои Алкалоид.

- Оглас -

Најнови вести