„Новото нормално“ е дека ГРК Охрид станува ракометна силна во Македонија која може да им ги замрси сметките на оние кои беа сигурни дека се најдобри тимови во Македонија.
Пласманот на Гладијаторите во полуфиналето на Европскиот куп и победата вечерва во Битола над се уште актуелниот првак Еурофарм Пелистер, покажа дека охриѓани се тим кој е способен за големи нешта. Титулата нема да ја освојат, но може да бидат втори што би било одличен успех за нив, а од 17-ти до 19-ти април во Струмица се игра завршницата во Купот на Македонија каде сите четири тима (Вардар 1961, Алкалоид, Е. Пелистер и Охрид) имаат амбиции да го освојат трофејот.
Победата во Битола вечерва е најава дека охриѓани ќе имаат што да покажат во полуфииналето против истиот ривал, а од друга страна пелистерци ќе имаат мотив да му се реваншираат на Охрид што ги отпиша од одбрана на титулата, и потоа да го освојат пехарот кој не го освоиле речиси 20 години.

