ГРК Охрид од 18 часот ја пречекува некогаш славната Дукла од Прага во првиот осминафинален двобој во Европскиот куп на ЕХФ.
И досега тоа што го сторија „Гладијаторите“ е најголем клупски успех, тимот мелеше, во просек даваше нешто над 40 гола по меч, но амбициите се да се направи нов чекор напред.
Дукла е третопласирана во чешката лига во моментов, а има 22 ракометари од кои само еден странец, словачкиот пивот Матуш Моравчук. Тие се големо име, клуб кој во далечното минато трипати бил првак на Европа, но сега Охрид е фаворит.
Ако охриѓани го прикажат својот максимум, сигурно дека нема да имаат проблеми да победат и да ја израдуваат публиката. Реваншот е за една недела во Прага, добро би било македонскиот претставник да оди таму со што поголема предност.

