-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Ојарзабал со два гола ја урна Севиља

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја совладаа Севиља со 2-1 на домашен терен во натпреварот од десеттото коло во шпанската Ла Лига. Баскијците со оваа победа се искачија на 14-тата позиција со девет бодови, додека Севилја остана деветта со четири повеќе.

Реал Сосиедад го отвори резултатот во 19-тата минута преку Микел Ојарзабал, кој беше прецизен од белата точка. Гостите возвратија по само 11 минути. Српскиот репрезентативец Немања Гудељ упати силен удар од 17 метри, а топката по мала измена на правецот заврши во мрежата.

Сепак, домашните повторно дојдоа во водство во 36-тата минута, кога Ојарзабал со втор гол вечерта ги постави конечните 2-1 и ја потврди победата на својот тим.

- Оглас -

Најнови вести