Оклахома без Гало беше како дете мало за лидерот во НБА

Милвоки бакс ја забележа и 51-та победа сезонава во НБА лигата, а ноќеска на свој терен ја растури Оклахома со 133:86.

Во меч што го имаше епитетот дерби и двете екипи играа без своите втори најдобри стрелци, а подобро се снајде домаќинот.

Иако настапија без Крис Мидлтон, тоа воопшто не се почуствува во играта на Елените, кои беа убедливи и славеа со 47 поени разлика. Со 32 поени до нов триумф ги предводеше Јанис Адетокумбо. Првиот стрелец на тимот имаше и 13 скока, а заедно со неговиот тим рано ги разрешија сите дилеми околу победникот.

Оклахома која исто така играше без својот втор најдобар стрелец, Данило Галинари, не беше достоен противник на екипата со најдобар биланс во НБА.

Само двајца кошаркари кај гостите ја минаа двоцифрената граница во поени. Крис Пол даде 18,а најдобриот кошгетер во тимот Гилџиус-Александер постигна 11 поени. Ова е највисокиот пораз за Тандер сезонава.

Големо изненадување приреди Шарлот со победа против шампионот Торонто и тоа на гостински терен. Хорнетс славеа со 99:96. Норман Пауел се обиде со тројка во последната секунда да го израмни резултатот, но не успеа.

Резултати: Орландо – Минесота 136:125, Атланта – Бруклин 141:118, Торонто – Шарлот 96:99, Мемфис – Сакраменто 101:104, Мајами – Далас 126:118, Милвоки – Оклахома 133:86, Њу Орлеанс – Кливленд 116:104, Феникс – Детроит 111:113, Јута – Вашингтон 129:119, Л. А. Клиперс – Денвер 132:103. 

- Оглас -

Најнови вести