Оклахома е првиот финалист во НБА-лигата (Видео)

Кошаркарите на Оклахома сити тандерс одиграа одличен меч и убедливо со 124:94 ја победија Минесота тимбервулфс за вкупен триумф од 4:1 во победи во Западното финале. Со оваа победа Оклахома потврди дека е најдобриот тим во Западната конференција оваа сезона и го доби конференцискиот пехар, но и можноста да се бори за трофејот за шампион во НБА.

За Оклахома ова ќе биде прво НБА-финале по пауза од 13 години, каде што ќе го чекаат подобриот од финалето на Истокот, каде што Индијана има предност од 3:1 во победи против Њујорк.

Играчите на Оклахома беа решени утрово да се радуваат на пласман во големото НБА-финале, па уште во првата четвртина одиграа речиси перфектно против Минесота и по првите 12 минути имаа водство од 26:9. Доминантната игра на Оклахома продолжи и во втората четвртина, која исто така ја добија со убедливи 39:23, па на полувреме домаќините водеа дури со 33 поени предност (65:32) и уште тогаш беше јасно дека победникот на мечот е решен.

Шеј Гилџес-Александер повторно беше предводник на Оклахома и постигна 34 поени, а имаше и седум скокови и осум асистенции. Одлична помош имаше и од Холмгрен, кој заврши со 22 поени, седум скока и три блокади, а Вилијамс на крајот впиша 19 поени, осум скокови и пет асистенции.

Кај Минесота, Џулиус Рендс постигна 42 поени, а Ентони Едвардс застана на 19 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести