Четирите НБА-екипи кои останаа во борба за титулата со право се на оваа позиција – со поглед кон трофејот. За некои вистински шок е што Њујорк никс и Индијана пејсерс се борат за финале на Истокот, но и двете екипи покажаа дека не треба да се потценуваат, елиминирајќи ги фаворизираните Бостон, актуелен шампион и Кливленд, најдобар тим во регуларниот дел на Истокот.
Да се префрлиме на Западот, каде што старите гиганти одамна уживаат на плажа или – како што велат – на терените за голф. Видовме симболично примопредавање на моќта меѓу двајцата највозбудливи млади играчи во лигата – Ентони Едвардс (Минесота) и Шеј Гилџес-Александер (Оклахома).
Минесота не е изненадување – напротив, тоа е тим кој сите сакаа да го избегнат. Имаат долга клупа, една голема ѕвезда и одлична поддршка. Тоа важи и за Оклахома сити тандер, која ја научи лекцијата од минатата сезона и се врати во финале на Западот речиси по една деценија. Последен пат беа таму во драмата од седум натпревари против легендарната генерација на Голден стејт.
Погрешно е оваа пресметка да се сведе само на дуелот меѓу Едвардс и Шеј – критичниот играч може да биде Џулијус Рендл. Откако дојде преку трејд за Карл-Ентони Таунс, играше солидно, но не спектакуларно. Сепак, во плејофот стана „икс-фактор“, со просек од 24 поени, шест скока и шест асистенции. Константноста низ сите 10 натпревари го прави играч кој може да ја реши серијата во корист на Минесота.
На другата страна, Џејлен Вилијамс, „страничниот партнер“ на Шеј, мора да биде многу подобар отколку против Денвер. Ќе зависи многу и од Чет Холмгрен, кој се враќа во својот роден крај – овојпат како „непријател“, иако претходно бил херој таму.
Минесота ќе се потпре на својата одбрана, но Оклахома знае да возврати на ист начин. Тимовите ја поделија регуларната сезона, но тоа има мала тежина сега – во финале сè се менува. За љубителите на цврста кошарка, силен дефанзивен притисок, ротации и „бункер“ под кошот, оваа серија ќе биде вистинска „убавица“.
Очекувано, и обложувалниците ќе реагираат – квотите ќе се прилагодат на пониски бројки бидејќи нѐ очекува вистинска „кошарка од стара школа“.
Покрај стандарните квоти, во Полноќниот експрес можете да одиграте и на идивидуалниот ефект на кошаркарите, и тоа на поени, скокови, асистенции, постигнати тројки…
