Кошаркарите на Оклахома остануваат на максимален ефект со пет победи на пет меча на стартот од новата НБА-сезона. Тие славеа со 107-101 на домашен терен над Сакраменто и така останаа на делба на првата позиција во Западната конференција заедно со Сан Антонио.
Милвоки по поразот од Кливленд, им се врати на победите откако славеше со 121-111 на домашен терен над Њујорк. Најзаслужен за победата беше Јанис Адетокумбо со 37 поени, осум скока и седум асистенции.
Резултати:
Вашингтон – Филаделфија 134-139 (126-126)
Мајами – Шарлот 144-117
Милвоки – Њујорк 121-111
Оклахома – Сакраменто 107-101
Голден стејт – ЛА клиперс 98-79

