5604 Естеглал К. – Зоб Ахан (15.00 часот)
Во овој меч од иранското првенство, екипата на Зоб Ахан влегува како благ фаворит затоа што има серија од пет кола по ред без пораз, додека Естеглал Кузестан има пет меча по ред без победа, освои само еден бод во тие пет меча. Овие се два тима од долната половина на табелата, гостите имаат еден бод повеќе. Зоб Ахан има серија од четири ремија едноподруго, од кои последните три беа со резултат 0-0. Традицијата и формата најавуваат меч со малку голови.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.78)
8361 Њујорк никс – Кливленд (18.00 часот)
Божикната програма во НБА-лигата почнува со овој меч, во кој домашните се прилично големи фаворити. Никс е втор на табелата на Истокот, но има два порази на последните три меча. Кливленд е седми на Истокот и има две победи по ред, а на тие два меча ефикасниот Кавалирс постигна вкупно 280 поени. Хендикеп за Њујорк е повредата на првиот стрелец Брансон. На претходниот меч без него кај Никс се истакна Таунс со 40 поени. Овие два тима се сретнаа во „МСГ“ и пред два месеца, резултатот беше 119-111.
Предлог тип: Q1 >56.50 (1.82)
5701 Ал Ријад – Ал Етифак (18.30 часот)
Ал-Етифак во девет кола во саудиската лига има по три победи, ремија и порази, додека Ал-Ријад има низа од три меча по ред без победа и има скромни 8 бода од девет кола. Најпознато име кај Ал-Ријад е канадскиот голман Борјан, додека кај Ал-Етифак се Муса Дембеле и Вајналдум. Последните четири меѓусебни дуели на овие тимови беа со 0-1 гол, но во последните три кола овие екипи играа прилично ефикасно, и даваа и примаа гол.
Предлог тип: 2 & 0-3 (3.05)
5241 Белуиздад – ЕС Сетиф (19.30 часот)
Ова е дуел од алжирската лига помеѓу два тима кои сезонава прилично често играа нерешено. Белуиздад има пет ремија на 11 меча, додека Сетиф има шест ремија во 12 кола и четири меча по ред без пораз. Ова се два тима кои играат добро во последно време и бегаат од опасната зона, иако далеку од тоа дека се безбедни. Квотите велат дека домашните се фаворити, но не би било чудо ако средбата заврши нерешено.
Предлог тип: 1Х & 1=2 (2.50)
8360 Оклахома сити – Сан Антонио (20.30 часот)
Мамузите победија двапати против Оклахома сити во текот на декември, го имаат рецептот за успех, но мотивите ќе бидат на страна на домашните. Само пред две ноќи Сан Антонио го совлада Тандер со 20 поени разлика, сега овие два тима ќе се сретнат во Оклохома сити и типуваме дека првакот ќе се реваншира за дебаклот кој го претрпе во Тексас. Оклахома има само четири порази сезонава, но два беа од Сан Антонио, а три се на последните пет меча. Спарс е втор на Западот, а тие се тим со најдолгата победничка серија во моментов во НБА-лигата, па и да загубат, можеби тоа ќе биде со едноцифрена негатива.
Предлог тип: Х 2 -9.50 (1.93)

