Оукленд со настапот на СКП ја има најголемата заработка во историјата на клубот

Оукленд сити од Нов Зеланд со херојско реми (1-1) против Бока јуниорс го заврши настапот на Светското клупско првенство во САД. Екипата која во првото коло загуби со 10-0 од Баерн Минхен, а потоа и со 6-0 од Бенфика, на крајот освои историски бод, пред сè, благодарение на наставникот по физичко, Кристијан Греј, но и на чистачот на базени, голманот Себастијан Циганда, кој имаше двоцифрен број одбрани против Аргентинците.

Веќе е познато дека фудбалерите на Оукленд сити добиваат по околу 100 евра неделно за настапите во првенството на Нов Зеланд, кое е аматерско, а многумина од нив зедоа неплатен одмор за да настапат на клупскиот Мундијал.

Сепак, клубот за ремито против Бока јуниорс ќе добие еден милиони долари награда, а раководството одлучи тие пари да ги поделат фудбалерите и стручниот штаб. За настапот на Светското клупско првенство, ФИФА ќе му исплати на Оукленд сити 3,58 милиони долари, што е убедливо најголемата заработка во историјата на клубот.

Во градот Оукленд постои уште еден клуб, Оукленд ФЦ, кој се натпреварува со австралиската А-лига и воедно е најпопуларниот клуб не само во градот, туку и воопшто во Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести