Македонија во вторник го пречекува Велс во меч од второто коло од фудбалските квалфикации за пласман на Светско првенство 2026 година. Двете селекции одлично ги започнаа квалификациите и имаат по три бода. Македонија славеше на гости со 3:0 против Лихтенштајн, додека Велс на свој терен го победи Казахстан со 3:1.
За дуелот на Арената „Тодор Проески“, најавено е дека ќе има околу 2.000 гостински навивачи кои ќе даваат поддршка за Велс. За фановите од Велика Британија е стандардно да ги бодрат своите национални тимови без разлика каде играат.
Во квалификациски дуели во Скопје досега гостувале Велс, Шкотска, Република Ирска и секогаш имало гостински фанови, па така треба да биде и во вторник.