Околу 350.000 Германци бараат преигрување на мечот со Шпанија, сметаат дека нивниот тим е „украден“

Околу 350.000 луѓе потпишаа петиција за повторување на натпреварот меѓу Германија и Шпанија кој неодамна се одигра и во кој Шпанците победија со 2:1 по продолженијата.

Германците никако не можат да се помират со тоа што завршниот турнир, кој тие го организираат, го напуштија во четвртфиналето, па и понатаму ја споменуваат ситуацијата која се случи во 106-тата минута, кога Марк Кукуреља во својот шеснаесетник со рака го блокира ударот на Џамал Мусијала.

Англискиот судија Ентони Тејлор не досуди пенал, а не стигна ниту повик од ВАР-собата. Иако пристигнаа објаснувања зошто не е досуден пенал, Германците и понатаму сметаат дека се оштетени.

Незадоволните германски навивачи бараат повторување на натпреварот бидејќи сметаат дека на нивниот тим му е направена голема неправда. Дури 350.000 луѓе ја потпишаа петицијата за повторување на натпреварот.

УЕФА, пак, смета дека судијата Ентони Тејлор донел исправна одлука кога не досудил пенал за Германија. Роберто Росети, шефот на судиите на УЕФА, изјави дека раката на Марк Кукуреља не била во неприродна положба.

Залудна ќе биде петицијата на Германците, јасно е дека од нов натпревар нема ништо. Тие се простија, а Шпанците со Французите во вторник ќе играат за пласман во финалето.

Во другото полуфинале во среда ќе се сретнат Англија и Холандија, а победниците од овие натпревари ќе се сретнат во финална пресметка на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.

- Оглас -

Најнови вести