Алекс Окслејд Чембрлен денеска го играше првиот меч по пауза од речиси една година, но повторно се пожали на истата повреда на коленото, иако од Ливерпул објавија дека не е ништо сериозно.
Репрезентативецот на Англија паузираше од април лани, а денеска играше за младиот тим на Ливерпул во развојната лига на Англија и по 40-на минути игра мораше да го напушти теренот.
Проблем му прави повредата на коленото, но од Ливерпул објавија дека сега не е ништо сериозно и дека популарниот Окс е повлечен од игра превентивно, за да не се влоши состојбата.