Навивачите на Олимпик Марсеј сигурна победа на својот тим на вечерашниот меч против Оксер од новата рунда во Лига 1, но гостите дојдоа на „Велодром“ и славеа со 1-3.
Оксер во првото полувреме постигна три гола и практично го реши победникот. Ласин Синајоко во десеттата минута обезбеди водство за гостите, Гаетан Перин во 43-та минута зголеми на 0-2, а третиот гол го постигна Хамед Траоре непосредно преде паузата.
Олимпик Марсеј не успеа да се опорави од шокот. Единствениот гол го постигна Мејсон Гринвуд од пенал во 65-та минута од мечот.