Манчестер сити треба да му биде домаќин на Реал Мадрид, Барселона ги чека Елиф Елмас и Наполи, Јувентус му е домаќин на Лион, а Баерн Минхен на Челзи.
Но, денеска на состанокот на Извршниот комитет УЕФА реши да ја одложи конечната одлука за идниот месец, иако се најавуваше дека домаќините на свој стадион ќе ги играат мечевите, посебно за мечевите во Шпанија и Англија, додека за Јувентус и Баерн веќе исвесно е дека ќе се играат во Торино, односно во Минхен.
Објаснувањето од УЕФА е дека ја следат епидемиолошката состојба во земјите по пандемијата со корона-вирусот.
На 10 јули е закажана ждрепката за фајнлејт-турнирот, дотогаш би требало да се знае дали реваншите од осминафиналето ќе се играат како што е предвидено на терените на домаќините или ќе се играат на неутрален терен, а не се исклучува ниту варијанта и тие да се одиграат во Лисабон.