Октомвриската револуција на Лука Јовиќ – Од најголема утка стигна до еден од главните стрелци во Европа (Фото)

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ направи голем пресврт и сега пак со игрите потсетува на ерата кога дрмаше со Германија и Европа како член на Ајнтрахт Франкфурт.

Со трансферот што го направи во 2019 година, кога од Ајнтрахт премина во Реал за сума од 60 милиони евра стана еден од најскапите српски играчи во историјата.

Но, во Кралскиот клуб почна голготата за младиот фудбалер, па се говореше дури и за најголемата утка што Реал ја направил во историјата.

По две сезони вегетирање со многу проблеми и на теренот и надвор од него, Јовиќ пак беше вратен во Ајнтрахт лани како позајмен играч од Реал.

За шпанскиот гигант одигра само 36 натпревари и постигна три гола во двегодишната голгота во Мадрид.

Ајнтрахт му помогна да се врати во ритам, а во јули годинава Реал го продаде Јовиќ на Фиорентина.

Сега Лука ужива во Фиренца, а повторно е меѓу топ-стрелците во Европа.

Во октомври постигна пет гола за Фиорентина, од кои два вчера за победа против Истанбул Башакшехир во Конференциската лига на УЕФА.

Моментно Јовиќ е на десеттото место на листата со најдобри стрелци овој месец и во друштво на европскиот крем напаѓачи со Халанд, Мбапе, Левандовски, Бен Једер…

 

- Оглас -

Најнови вести