17.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Олајџувон му дал совети на Кантер како да игра среде рамазанските пости

Кошаркарот на Портланд трејлблејзерс, Енес Кантер, му испратил порака на легендарниот центар Хаким Олајџувон, од кого побарал совет како да остане на високо ниво на игра во време кога пости и додека има сончева светлина ништо не јаде и пие. Кантер вели дека речиси секоја година пости за време на Рамазан, но сега за првпат пости додека трае плејофот во НБА.

„Пред две години се сретнав со Хаким, а знам дека во минатото, мислам во 1995 година, тој стана МВП на финалето и побарав совет како успеал да пости и истовремено да игра толку добро. Ми даде некои совети, ми кажа што јадел, кога се будел и колку вода пиел за да го држи до вечерта“, изјави Кантер, кој има и друг проблем.

Кантер има и повреда на рамото, па мора да зема и лекови, покрај другото.

„Лековите ги пијам во 4 часот наутро, а потоа вечерта веднаш пред натпреварите“, објаснува Турчинот роден во Швајцарија, кој е персона нон грата во својата земја поради критики кон претседателот Ердоган.

- Оглас -

Најнови вести