„Олд Трафорд“ ќе смрди на лук

Манчестер јунајтед ќе се обиде со мирис на лук да го зашемети Ливерпул во денешното мега дерби на Премиерлигата. При вчерашното прскање на тревата на „Олд Трафорд“, камерите на телевизијата „Скај“ го фатија моментот кога на терен се испуштаа и бели вреќички со лук. Многумина се прашуваа зошто, а одговорот е едноставен: лукот служи како пестицид, против паразитите кои би сакале да ја јадат и уништат тревата.

Во Јунајтед сакаат за време на дербито со лидерот и најголем ривал, теренот да биде во топ кондиција, па користат „финти“ од кои би можеле да научат нешто сите луѓе низ светот кои се задолжени за одржување на тревата на стадионите.

Со вака подготвен терен, црните ќе останат под земја, но публиката на трибините и играчите долу на теренот ќе се чувствуваат како во кујна во која се подготвува јадење со лук. Кога дува ветер, мирисот на лукот се чувствува и на повеќе од 500 метри далечина, тврдат експертите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести