Манчестер јунајтед и Челзи ремизираа 1-1 во не премногу интересен премиерлигашки дерби дуел. Шест од последните девет меѓусебни дуели на овие екипи завршија нерешено. Лондонските Сини последен пат победиле на „Олд Трафорд“ во 2013 година.
Домашните поведоа со гол од пенал на Бруно Фернандеш (негов 20-ти реализиран пенал во дресот на Манчестер), а брзо потоа изедначи Моизес Каиседо со убав гол. Еквадорскиот фудбалер има постигнато четири гола во Премиер лигата, а два му се против Црвените ѓаволи.