Одличен настап на Иџе Стефановски, во Имола заврши на шесто место

Игор Стефановски Иџе имаше одличен викенд во Имола, патека на која има и победувано, а денеска заврши на шестото место во ТЦР шампионатот на Италија.

Нашиот најдобар автомобилист стартуваше од 16. позиција и успеа да напрадува за 10 места во интересна трка и освои нови бодови во натпреварувањето.

И вчера беше слично, а од истата стартна позиција со број 16, популарниот Иџе се проби до осмото место.

Прв низ целта на денешната трка мина Кевин Чекон од Италија, а на подиумот место имаше и за Матијас Вахтел и за Душан Курил.

 

 

- Оглас -

Најнови вести