Лајпциг и Вердер Бремен се веќе во завршна фаза од преговорите за ангажманот на тренерот Оле Вернер. Според последните информации, остануваат само административни формалности пред трансферот да биде официјално потврден.
Како што пренесува „Скај Спорт Германија“, двата клуба постигнале голем напредок во изминатите 48 часа, а сите знаци укажуваат дека 37-годишниот стратег ќе седне на клупата на Лајпциг како нов предводник.
Иако Вернер веќе не е на чело на Вердер, клубот од Бремен побара компензација зашто тренерот сè уште има активен договор што важи до летото 2026 година. Според информациите, договорената сума за обештетување е под 3 милиони евра.
Договор веќе е постигнат, а во наредните денови се очекува и официјално потпишување на договорот меѓу клубовите, со што Вернер ќе стане нов тренер на Лајпциг.