Олеее, Шпанија по 12 години повторно е во финале! (Видео)

Шпанија е прв финалист на Европското првенство во Германија откако вечерва во Минхен ја победија Франција со 2-1.

Историскиот гол на Ламин Јамал, кој стана најмлад стрелец во историјата на европските првенства, и автоголот на Жил Кунде по шутот на Дани Олмо, им пресудија на Французите.

За Шпанија ова е прво финале по она во 2012 година, кога последен пат беа европски шампиони.

Второто полуфинале се игра утре, во него се среќаваат Англија и Холандија.

- Оглас -

Најнови вести