Олеснета работата за Сити: Астон вила ќе биде без својот најдобар голгетер

Англискиот првак Манчестер сити е во мисија да го повтори ланскиот успех, кога завршија со тројна круна, освојувајќи ги титулите во Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Граѓаните и сезонава се во трка за сите три пехари, но пеколно ќе биде темпото на тимот на Пеп Гвардиола.

Според распоредот, само во април Сити треба да одигра осум тешки дуели. Прв на „менито“ е Астон вила. Дуелот се игра во Манчестер и домаќините ја имаат улогата на фаворити.

Во корист на Сити е и фактот дека најдобриот играч на гостите од Бирмингам, Оли Виткинс, нема да настапи вечерва. Воткинс моментално е трет стрелец во првенството со 16 гола, но поради повреда на тетивата на ногата, нема да игра на „Етихад“. Освен Воткинс, кај гостите има уште петмина повредени фудбалери, што треба да биде мотив повеќе за Сити да стигне до нови три бода.

Инаку, Астон вила е една од трите екипи кои сезонава го има победено Сити во првенството. На есенскиот дуел во Бирмингам, домаќините славеа со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести