Стрелецот на единствениот гол на првиот меч, Усман Дембеле, вечерва не е меѓу стартерите на Пари Сен Жермен за реваншот против Арсенал од фудбалската Лига на шампиони.
На местото на Дембеле, кој уште не е на 100 проценти закрепнат од повредата, меѓу стартните 11-мина во парискиот тим е Бредли Баркола, кој беше резервист во Лондон. Ново име кај Топчиите е Томас Парти, кој не играше на првиот меч.
Инаку и Луис Енрике и неговиот колега и сонародник Микел Артета во меѓусебната битка за влез во финалето влегуваат во формации 4-3-3. Домашното напаѓачко трио е Баркола, Дуе и Кварацхелија, додека Арсенал ќе напаѓа со Мартинели, Сака и Мерино како удари игли.