Антонио Ридигер ќе биде во комбинација за настап на вечерашното полуфинале против Атлетико Мадрид од шпанскиот Суперкуп.
Во ситуација кога од здравите централни одбранбени играчи Реал ги има само Асенсио и Хаусен, присуството на цврстиот Ридигер е голем плус за тренерот Чаби Алонсо. Германецот имаше болки во коленото и не се појави на последниот тренинг пред мечот, но сепак ќе биде спремен.
Пред неколку месеци Атлетико му даде пет гола на Реал, а Ридигер не играше на тој меч на кој дефанзивците имаа проблем особено во воздушните дуели.

