Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ ја имаше таа несреќа да се зарази со ковид-19, па мораше да го откаже настапот на Вимблдон и замина во изолација.
На местото на Чилиќ, како лаки-лузер на Вимблдон ќе игра 113-тиот на АТП-листата, Нуно Боргес. За Чилиќ, кој е поранешен финалист на Вимблдон и добро игра на трева, се мислеше дека е голема пречка за Рафаел Надал во нивен евентуален дуел во четвртото коло, вака Рафа во четвртата рунда (ако стигне до таму) ќе добие полесен противник.