13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Олимпија испука „петарда“ во мрежата на Ријека, па фановите на гостите предизвикаа прекин

Олимпија од Љубљана ќе биде учесник во групната фаза на Конференциската лига, бидејќи води со 5-0 против Ријека, а мечот на кој треба да се игра уште половина час, е во прекин, бидејќи навивачите на хрватскиот тим не можеа да се помират со тоа што го гледаа и почнаа да фрлаат факели на терен и на трибините со домашни навивачи.

Судијата ги испрати двата тима во соблекувална, а полицијата ја празни трибината на која е Армадата од Ријека.

Ова може да биде историска вечер за словенечкиот фудбал. Ако по стапките на Олимпија тргнат и Марибор и Целје, Словенија за првпат во својата историја, во една сезона ќе има дури три тима во групна фаза во европските купови.

https://twitter.com/i/status/1829225390826504524

- Оглас -

Најнови вести