Олимпијакос славеше во „OAKA“ арената против големиот ривал Панатинаикос со 82-87, во натпревар полн со драма и пресврти до самиот крај. Тимот од Пиреја блескаше во првите 10 минути, предводен од одличниот Везенков и доминацијата на Милутинов под кошот, отворајќи со предност од 28-13.
Панатинаикос се врати со серија од тројки на Кендрик Нан, Грент и Рогавопулос, по што на полувремето беше 43-43.
Иако третата четвртина беше израмнета, Олимпијакос направи одлучувачка серија во последните осум минути од четвртата, предводен од Везенков и Хол, и ја одржа предноста до крајот.
Везенков заврши со 24 поени и девет скока, Милутинов имаше 10 поени, девет скока и три асистенции, а Дорси додаде 21 поен.
Кај Панатинаикос, Нан постигна 32 поени, а Осман 13.

