Евролигата вечерва нуди три нови натпревари, а во два од нив домаќините се големи фаворити. Олимпијакос го пречекува Жалгирис, а Армани Милано ќе биде домаќин на Асвел. Тука, според квотите, се очекуваат победи на домашните екипи.
Мустафа Фал и понатаму е надвор од редовите за Олимпијакос и можно е дури да не се врати на теренот до крајот на сезоната. Сепак, Кинан Еванс конечно е подготвен да дебитира во официјален натпревар со дресот на Црвено-белите од Пиреја. Тренерот Јоргос Барцокас, пак, нема да може да смета на француското засилување Френк Нтиликина бидејќи поранешниот НБА-бек има повреда на тетивата.
Кај Жалгирис, надвор од составот е бекот Најџел Вилијамс-Гос, кој минатата сезона беше член токму на Олимпијакос.

Многу понеизвесно се очекува да биде на дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона.

Покрај стандардните квоти, можете да одиграте и на тимскиот ефект на секоја екипа, на постигнати поени, скокови, асистенции, фаули.
Тука е и омилената игра на многу обложувачи, индивидуалниот ефект на кошаркарите.


