Олимпијакос и Фиорентина без муниција и по 90 минути во атинското финале

Екипите на Олимпијакос и Фиорентина и по 90 минути игра останаа без муниција во финалето на Конференциската лига. Второто полувреме донесе многу повеќе возбудувања, за разлика од првото полувреме, со по неколку шанси за гол на двете страни, но мрежите во Атина сè уште мируваат.

Двете екипи сега се подготвуваат за продолженијата од двапати по 30 минути, а можеби и за изведување на пенали. Поседот на топката, слично како и во првите 45 минути, е на страната на Фиорентина, но со минимални 51-49%, но затоа екипата од Италија е многу подобра во ударите кон противничкиот гол. Фиорентина шутна 12-пати, додека Олимпијакос само три.

Сепак, само три од ударите на Виолетовите завршија во рамките на противничкиот голман, додека Олимпијакос двапати се закани кон голманот на Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести