Олимпијакос и Фиорентина играат без голови по првото полувреме во Атина

Екипите на Олимпијакос и Фиорентина одиграа полувреме без голови во финалето на Конференциската лига во Атина. Двете екипи и статистички се израмнети по првиот дел, па се чини дека резултатот е реален.

Поседот на топката е речиси израмнет, додека Фиорентина повеќе се обидуваше да го загрози голот на Олимпијакос. Фудбалерите од Италија дури успеаја да постигнат и погодок во деветтата минута преку Бираги, но тој беше поништен поради офсајд.

Олимпијакос во вториот дел ќе го напаѓа својот прв европски трофеј во историјата, додека Фиорентина последен пат европски трофеј освои во 1961 година.

- Оглас -

Најнови вести