Олимпијакос и ПАО, како и еден израелски тим сакаат да бидат дел од АБА

Регионалната АБА лига може да добие два исклучително атрактивни клубови во свое друштво. Грчките гиганти Олимпијакос и ПАнатинаикос сакаат да бидат дел од ова натпреварување во следната сезона. Покрај двата клуба од Грција, интерес има и од Бнеи Херзија од Израел, потврди директорот на АБА, Крешимир Новосел.

Освен идејата за проширување на лигата, ќе се разгледува и опцијата да се поништи финалната серија меѓу Црвена ѕвезда и Будуќност. Белграѓани станаа шампиони, откако се радуваа на 3:2 во победи. Мајсторката која го реши првакот, беше со многу контроверзии, па Црногорците побараа да се поништи тоа финале.

„Будуќност поднесе барање на дневниот ред да се разгледа опцијата за поништување на финалната серија. Сега останува Собранието да реши дали тоа барање ќе се усвои. Ќе ги разгледуваме и барањата на клубовите кои сакаат да се приклучат на АБА лигата. Олимпијакос и Панатинаикос од Грција, како и Бнеи Херзија од Израел, сакаат да бидат дел од следната сезона“, вели Новосел, пред стартот на Собрането во Бања Лука.

 

- Оглас -

Најнови вести