Олимпијакос и Шериф нема да ја испуштат шансата да влезат во Лигата на Европа

6027 Фенербахче – Австрија Виена (19.00 часот)

Алиоски и другарите победија на првиот меч во Виена со 2-0 и само чудо може да ги спречи да не влезат во групната фаза во Лигата на Европа. Резултатот може да биде незгоден за домашните бидејќи може да дојде до опуштање кај фудбалерите и тоа да биде казнето. Австрија викендов победи на гости кај Волфсбергер и тоа е предупредување за Фенер, кој исто така е во добра форма и на претходните два меча во турската лига даде 10 гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.89)

 

6025 Шериф – Пјуник (19.00 часот)

Првиот меч во Ерменија заврши 0-0, па молдавскиот шампион е фаворит на хартија за победа и за влез во групната фаза од ЛЕ. Веројатно повторно ќе биде неефикасен меч, но Шериф би се задоволил и со победа од 1-0. Овие клубови трипати играле меѓу себе, а двапати средбите завршувале без голови, додека еднаш било 2-0 за Шериф. Пјуник викендов загуби дома во ерменската лига, па тешко дека Радески и другарите ќе изненадат во Тираспол.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.09)

 

6740 Антверпен – Башакшехир (20.45 часот)

Настапот во групите од Конференциската лига е премијата која носи победа во овој вечерашен дуел во Белгија. Во Истанбул пред една недела беше нерешено 1-1 и тоа значи дека вечер ќе мора да има победник, макар и на пенали. Ова се тимови кои многу ретко губат, Антверп не знае за пораз од мај, а Башакшехир не загубил уште од март. Кај овој пар, некако ремито е најреален исход, па ќе ризикуваме со предлог да одиграте икс.

Предлог тип: Х (3.30)

 

6028 Олимпијакос – Аполон (21.00 часот)

Кога не победи дома во Лимасол на првиот меч, кипарскиот претставник тешко дека ќе може тоа да го стори во Пиреа. Олимпијакос со помош на ВАР се извлече на првиот меч, па сега дома треба да покаже дека местото му е во групите од Лигата на Европа. Аполон е одморен, нема играно цела недела, а Олимпијакос не паузираше во Лигата, играше и победи против Јанина со 2-0. Типуваме победа на Грците, но не многу убедлива.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.20)

 

6741 Хајдук – Вилјареал (21.00 часот)

Тука ќе биде крајот на европскиот пат на Хајдук летово. Вилјареал едноставно е пресилен, тоа го покажа со победата над Атлетико во Мадрид викендов, како и пред една недела откако Хајдук ги налути со водечки гол во раната фаза, па Жолтата подморница ги потопи сплитските Били со четири гола за 30 минути. Вилјареал нема пораз уште од мај, резултатите во подготвителниот период и на стартот на шпанската лига им се импресивни.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести