Олимпијакос испиша историја, го освои првиот европски трофеј во 99-годишната историја (Видео)

Фудбалерите на Олимпијакос испишаа историја откако ја совладаа Фиорентина со 1-0 во финалето на Конференциската лига и дојдоа до првиот европски трофеј во историјата на клубот, кој впрочем е формиран во 1925 година.

Во регуларните 90 минути немаше гол, па единствениот погодок на мечот беше постигнат во 116-тата минута, кога веќе сите се подготвуваа за пенали. Херојот на Олимпијакос беше интернационалецот од Мароко, Ајуб Ел-Каби, кој најдобро се снајде во шеснаесетникот на Фиорентина и со многу среќа ја смести топката во противничката мрежа.

- Оглас -

Најнови вести