Олимпијакос го совлада Фенербахче со 84-72 во петтиот решавачки меч од оваа четвртфинална серија во кошаркарската Евролига, и ќе игра на фајнал-форот во Каунас.
Грчкиот тим вечерва не ја испушти предноста на домашниот терен која ја имаше, и предводен од Слукас, Везенков и Папаниколау, дојде до трета победа во серијата. Во полуфиналето, Олимпијакос ќе игра со Монако или Макаби.