31.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Олимпијакос ја прекина серијата без пораз на ЦСКА

Олимпијакос ја запиша само втората победа во Евролигата по пет кола, откако го совлада актуелниот европски првак ЦСКА среде Москва со конечни 84:79. Избраниците на Кемжура беа мотивирани да стават крај на мини-серијата лоши резултати во континенталното натпреварување, а воедно им го нанесоа првиот пораз на Армејците.

Иако домаќините делуваа сигурно на стартот и ја освоија првата четвртина со 24-18, гостите од Пиреја доминираа до паузата и се изборија за предноста која ја сочуваа до самиот финиш на средбата, а дилемите ги разреши Спанулис со клучна тројка на една минута пред крајот.

Пол и Пунтер комбинираа 36 поени, кои беа доволни за победата, а придонесе и Принтезис со своите 11 поени. И во редовите на ЦСКА имаше расположени играчи, меѓутоа залудни беа 22-та поени на  Џејмс.

- Оглас -

Најнови вести