Денешната понуда од Супер типот е за сечиј вкус. Возбудувањата започнуваа со два тениски дуели, потоа има и натпревар во хокеј, а во продолжение, секако, доминира фудбалот во комбинација со кошарката.
Од сите 16 мечеви, посебен ќе биде дуелот од кошаркарската Евролига меѓу Басконија и Олимпијакос. Двата тима имаат четири порази во низа и еден од нив конечно ќе се израдува.
Се очекува гостите од Атина да победат затоа што Басконија досега има 15 порази во 22 меча, додека грчкиот клуб е во Топ 6 и едноставно мора да ја прекине негативната низа.


