Олимпијакос ќе се радува на теренот на најжестокиот ривал во Евролигата

8450 Панатинаикос – Олимпијакос (Евролига, 20:00 часот)

Од вечерашните средби од Евролигата, најмногу се издвојува големото грчко дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос.

Домаќинот игра катастрофално во оваа сезона и по 16 натпревари, се наоѓа на претпоследното место само со четири триумфи.

Од друга страна, пак, Олимпијакос е при самиот врв, односно на третата позиција со 11 триумфи од исто толку средби.

На последната нивна средба каде што Панатинаикос беше домаќин, гостите се радуваа на победа од 71:78.

Предлог тип: 2 (1.47)

 

2840 Бешикташ – Ѓозтепе (Супер лига, Турција, 18:00 часот)

Актуелниот првак на Турција ќе игра против тимот каде што настапува Адис Јаховиќ.

Бешикташ во оваа сезона игра далеку под своите очекувања и се наоѓа на средината на табелата само со 25 бода, додека, за споредба, лидерот Трабзонспор има дури 45.

Очајната форма ја краси и екипата на Ѓозтепе, на која очигледно главна цел ќе ѝ биде опстанокот.

Предлог тип: 1&3+ (2.19)

 

1637 ПСВ – Гоу ахед иглс (Ередивизија, Холандија, 18:45 часот)

Гигантот одлично игра во оваа сезона и до крајот ќе води голема битка со Ајакс, па вечерва победата не би требало да биде во прашање.

Иако за последен пат на стадионот „Филипс“ овие две екипи одиграа во 2014 година, речиси и ништо да не е променето.

А доволен показател е средбата минатата година во Купот на Холандија, каде што ПСВ како гостин се радуваше на победата.

Затоа, ако се погледнат последните натпревари, најдобро ќе биде оваа средба да се игра на голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)

 

8452 АСВЕЛ – Фенербахче (Евролига, 21:00 часот)

За разлика од претходните сезони, во оваа Фенер игра многу поефикасно, но и формата доста им варира.

Сепак, во последно време успеаја да се стабилизираат и да врзат четири важни победи со кои значително им се крена самодовербата.

Вечерва гостуваат кај еден од најнезгодните тимови во Евролигата, но не би требало да имаат проблеми.

Ние ќе одиграме дека гостинот ќе даде повеќе поени од зададената граница бидејќи на последните три средби, Фенер е исклучително ефикасен и во два наврати постигна по 86 поени, а еднаш стигна до бројката и од 82 поени.

Предлог тип: Т2> 79.5 (1.92)

 

2842 Андерлехт – Кортријк (Куп на Белгија, 18:45 часот)

Денешната типстерска петка ја заокружуваме со мечот од Купот на Белгија.

Андерлехт ја има фаворитската улога, но со нивната променлива форма, навистина ништо не се знае.

Интересно и нетипочно е што кога ќе се види блиската историја на овие две екипи, паѓаат навистина малку голови.

Така, на петте последни средби, само еднаш сме виделе три гола, додека сите други останати се од нула до два, што е нетипично за екипи од Белгија.

За денеска очекуваме таа традиција да биде прекината и да видиме голем број погодоци.

Предлог тип: 4+ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести