Олимпијакос по 48-ми пат е шампион на Грција

Олимпијакос стана шампион на Грција по 48-ми пат во својата историја. Гигантот од Пиреја ја потврди титулата три кола пред крајот на сезоната, откако го победи АЕК со 1-0. Победничкиот гол за тимот на Хозе Луис Мендилибар го постигна Ајуб Ел Кааби во 55-тата минута.

Минатата недела Олимпијакос загуби со 2-1 на гостувањето кај ПАОК, но тоа не ја врати неизвесноста во трката за првото место поради големата разлика меѓу Црвено-белите и нивните ривали.


Претходната титула на Олимпијакос беше во сезоната 2021/22, а во изминатите две години првото место го освоија АЕК и ПАОК.

Олимпијакос беше подобар противник во текот на целиот натпревар, додека АЕК упати само еден удар кон голот што го чуваше Константинос Цолакис. Голот падна на почетокот од второто полувреме, кога Желсон Мартинш центрираше до Ел Кааби, а Мароканецот ја затресе мрежата.

Поразот го остави АЕК на третото место на табелата, на три бода зад второпласираниот Панатинаикос.

- Оглас -

Најнови вести