Кошаркарите на Олимпијакос се први финалисти на фајнл-фор турнирот кој се одржува во Каунас, откако го совладаа Монако со 76-62. Грчките кошаркари имаа двоцифрена негатива на полувремето, но историската трета четвртина им донесе пласман во големото финале.
Монако одлично го отвори мечот и имаше постојано водство во првото полувреме кое го доби со 41-29. Второто полувреме започна со серија од 14-0 за Олимпијакос за комплетен прсврт, а потоа Монако ги постигна единствените поени во третиот период. До крајот на четвртината следуваше нова серија, овојпат од 13-0 за Олимпијакос за виски 13 поени предност во пресрет на последниот период. “Црвено-белите“ од Пиреја четвртината ја добија со неверојатни 27-2!
До крајот Олимпијакос успеаше да ја одбрани предноста и да забележи победа од 76-62.
Најефикасен на мечот беше Везенков од екипата на Олимпијакос со 19 поени, додека за поразениот состав Џејмс и Окобо уфрлија по 17 поени.