Добро се чувствува олимписката репрезентативка на Полска, Камила Селијер по тешката повреда со која се здоби за време на настапот на ЗОИ во Милано и Кортина. На патеката 1.500 метри спринт, Селијер доби директен удар со лизгалка од противничката во лицето.
По ударот, полската натпреварувачка остана да лежи на мразот, а веднаш се појави и крв на нејзиното лице. За среќа, брзо реагираа лекарските екипи, а како голема помош беа и заштитните очила кои ги носеше натпреварувачката. Да не беа очилата, повредата ќе беше многу посериозна.
Кога беше изнесена од салата, Селијер високо го крена палецот покажувајќи дека е добро, што наиде на громогласен аплауз од гледачите. Повредата сега е целосно санирана, а самата Селијер реши да објави фотографија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
На фотографијата е само неповредениот дел од лицето, а Селијер испрати и порака во која вели: „Знам дека еден ден ќе ја гледам оваа фотографија и ќе се сетам дека сум посилна од тоа што сум мислела дека сум. Благодарам на сите за поддршката што ми ја давате, само сакам да порачам дека сум добро“.
Шефот на полската олимписка мисија, Конрад Неидзвиецки изјави дека операцијата поминала успешно.
Олимписките игри во Милано и Кортина денеска ќе завршат.

