5.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Олимпијците Мила Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија медали на Австрија опен Г1

Нажите најдобри таеквондисти, Мила Рељиќ во женска конкуренција и Дејан Георгиевски кај мажите имаа успешни настапи на Австрија опен Г1 турнирот кој викендов се одржа во Инсбрук.

Рељиќ одлично започна и нареди три победи во категоријата -62 гк. Најпрво славеше над Менди од Сенегал со 2:0, потоа Милан беше подобра и од Леонова од Украина со 2:0, а со 2:1 ја победи и Кичема од Хрватска. Сепак, на патот кон финалето, Рељиќ беше сопрена од Јулија Шпак и загуби со 2:0, па македонската репрезентативка се закити со бронзен медал.

Дејан Георгиевски во категорија + 87 кг. освои бронзен медал откако победи над Трајковиќ и Дивковиќ од Словенија во првите две борби, а во полуфиналето беше поразен од Аболфазл Абасипоуја.

- Оглас -

Најнови вести