25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Олимпик Марсеј ги налути Кинезите со погрешна роденденска честитка

Францускиот клуб Олимпик Марсеј на „Твитер“ му честиташе 29-ти роденден на својот играч Јапонецот Хироки Сакаи, но во честитката имаше една грешка која, оправдано, многу ги налути Кинезите.

Во позадина на сликата на Сакаи беше уфрлено старото јапонско знаме, кое царството го користеше за време на Втората светска војна и пред тоа. Тоа знаме кај Кинезите буди негативни чувства, бидејќи Јапонците беа окупатори во најголемата азиска војна во 20-ти век и направија многу ѕверства врз кинескиот народ.

Станува збор за ненамерна грешка и непознавање на одговорниот твитерџија во Олимпик, па објавата беше поправена.

Некои велат дека ставањето на старото јапонско знаме е исто како на некој германски играч да му се честита со знаме на фашистичка Германија, со кукастиот крст, а не со актуелното знаме кое Германија го користи повеќе од 70 години.

 

- Оглас -

Најнови вести