20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Олимпик Марсеј убедлив против Ле Авр

Фудбалерите на Олимпик Марсеј на одличен начин ја стартуваа 2025 година остварувајќи ја десеттата победа во Лига 1. На „Велодром“ беше декласиран Ле Авр со 5-1. По овој триумф, Марсеј се наоѓа на втората позиција на табелата со 33 бода, седум помалку од лидерот ПСЖ.

Ронжие, Надир и Моупеј донесоа водство од 3-0 по првиот дел и беше јасно кој ќе ги освои бодовите.

Во второто полувреме Вахи и Гарсија постигнаа уште два гола за Олимпик Марсеј, а Андре Ајев беше стрелец на почесниот погодок за Ле Авр.

- Оглас -

Најнови вести