„Олимпико“ ќе биде новиот дом на Пауло Дибала!?

Пауло Дибала реши да си замине од Јувентус на крајот од сезонава, но уште не се знае неговата следна дестинација. Италијанските медиуми прво шпекулираа дека Интер е најсериозен кандидат да го доведе Аргентинецот, а сега пишувањата се дека Дибала е можно во новата сезона да го облече дресот на Рома.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, има само пофални зборови за Дибала и, секако, би сакал да го види во редовите на Римската волчица, а една од причините поради која голгетерот би прифатил да игра на „Олимпико“ е атмосферата која ја создаваат навивачите на Рома.

Засега ова останува на ниво на шпекулации и нема ништо официјално за тоа каде Дибала ќе игра следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести