Олимписка шампионска ја испочитува Богојавленската традиција (Видео)

Православните верници денеска го празнуваат верскиот празник Богојавление (Водици), а додека кај нас се скока по светиот крст во осветените води на реките и езерата, нешто што годинава ќе изостане поради пандемијата, во Русија, традиција е и да се влезе во замрзната вода.

И во Русија годинава празникот се одбележува поинаку од претходните години, па некои верници мораа ритуалот да го изведат дома, во своите дворови, доколку имаат услови.

Некогашната олимписка шампионка во уметничко лизгање, Екатерина Боброва, која на ЗОИ во Сои 2014 година освои златен медал, влезе во „ледена дупка“ во која имаше „кочан“ стидена вода. Но, традицијата која ја научила од нејзиниот татко не сакаше да се прекине, а за неа мразот не е никаков проблем, токму спортот на мраз ја направи славна.

Погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести