Бразилецот Матеус Куња пристигна во Мадрид на медицински прегледи и се очекува наскоро да потпише договор со шпанскиот првак Атлетико Мадрид.
Куња доаѓа во Ла Лига од редовите на бундеслигашот Херта и ќе биде големо засилување во нападот на популарните Јорганџии. За него Атлетико ќе ѝ плати на Херта 30 милиони евра отштета.
https://twitter.com/ElGolazoDeGol/status/1430161009629609986?s=20
Матеус беше еден од најдобрите играчи на олимписката селекција на Бразил, која го освои златото на турнирот во Токио. Напаѓачот, кој е млад и има само 22 години, постигна гол во финалето против Шпанија, а со вкупно три погодоци за Кариоките и една асистенција беше меѓу најзаслужните за олимпиското злато.
Со него во составот Атлетико Мадрид ќе има страшен напад, составен од квартетот Суарес, Куња, Кореа и Караско.