19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Олимпискиот комитет му изрече четиригодишна суспензија на ракометниот голман Борко Ристовски!

Дисциплинската комисија на Олимпискиот комитет на С. Македонија му изрече суспензија во траење од четири години на ракометниот голман Борко Ристовски.

Чуварот на мрежата на Вардар 1961 е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ-мисија изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на Претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.

Ристовски има рок за жалба во следните осум дена. Одлуката е испратена и до Ракометната федерација на Македонија. Голманот најави прес-конференција на која ќе ја каже својата вистина во овој случај.

 

- Оглас -

Најнови вести