Олимпискиот натпревар во сурфање го прекина кит (Фото)

Натпреварувањето во сурфање на Олимписките игри во Париз беше прекинато поради појава на кит. Изненадувачкиот гостин се појави за време на полуфиналето во женска конкуренција меѓу Бразилката Татјана Вестон-Веб и Костариканката Брис Хенеси, по што натпреварувањето беше накратко прекинато.

Китот првично изведуваше разни трикови пред камерата, а потоа повторно заплива во длабочината.

Првиот олимписки кит и натпреварувањето во сурфање станаа вистински хит на социјалните мрежи.
Златото во женска категорија во сурфање го освои Американката Керолин Маркс со оцена од 10,50, додека кај мажите победи Французинот Каули Васт со резултат од 17,67.

Да потсетиме, натпреварувањето во сурфање се одржува на 15.000 километри далеку од Париз, односно на Тахити. Најдобрите сурфери во светот синоќа по средноевропско време се бореа за медалите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести